Skip to main content
Македонија

Малолетник заврши на ургентен – ова е причината!

07/12/2025  20:48

Седумнаесетгодишно момче од Скопје било пренесено кај дежурен лекар поради прекумерно внесување енергетски пијалоци, објавија локалните медиуми.

Лекарите предупредуваат дека сè почесто младите консумираат големи количини на пијалоци богати со кофеин, кои се користат за зголемување на будност и енергија, но тоа може сериозно да го загрози здравјето.

Професорот по токсикологија, проф. д-р Андон Чибишев, објаснува дека прекумерната консумација на вакви пијалоци може да предизвика висок крвен притисок, нарушувања на нервниот систем и непредвидливо однесување со негативни последици.

Особено загрижувачки е комбинирањето на енергетски пијалоци со алкохол, што станува дел од забавите на малолетниците, а ова, според Чибишев, може да биде екстремно опасно за здравјето и безбедноста на младите.