Skip to main content
Скопје, Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Визбегово

30/01/2026  21:46

Малолетник од Скопје доби тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи денеска во Визбегово. Несреќата се случи околу 17:03 часот на крстосницата на бул. „Словенија“ со ул. „Ј.Магистрала“, кога патничко возило „Опел“ управувано од 44-годишен скопјанец удри пешак.

Повредениот малолетник беше пренесен со итна медицинска помош во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му беа констатирани тешки повреди и е задржан на Детска хирургија. Полицијата презема мерки за утврдување на причините и расчистување на случајот.