Skip to main content
Македонија

Малолетник со параглајдер завршил на канделабра (ФОТО)

08/06/2025  14:17

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при слетување со параглајдер, 14-годишник од Прилеп удрил во канделабра.

Малолетникот бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ Охрид каде му била укажана помош и биле констатирани телесни повреди, соопшти СВР Охрид.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на неговиот татко. Извршен бил увид, а за настанот е запознаен Комитетот за истраги за возухопловни несреќи и сериозни инциденти, информира СВР Охрид.

Фото: Фејсбук/Рубин Земон