Skip to main content
Хроника

Малолетник со нож бркал други малолетници во Тетово

20/03/2026  15:04

Малолетник во Тетово бркал со нож други малолетници низ улиците.

– На 19.03.2026 во 17:10 часот во СВР Тетово, З.А.(48) и А.Ј.(44), двајцата од Тетово, пријавија дека на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово нивните малолетни деца биле пресретнати од тројца малолетници, од кои едниот имал нож, и почнале да ги бркаат, а еден од малолетниците го снимал настанот со мобилен телефон, информираа од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.