
Малолетник со „ауди“ излета од пат во кумановско.
– На 28.05.2025 околу 23.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Граничен премин Белановце-Куманово, атар на село Слупчане, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 17-годишник од село Отља, општина Липково, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово, известија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.