Skip to main content
Хроника

Малолетник се шетал со нож и метална палка низ Кисела Вода

27/01/2025  12:11

Вчера во 10.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени нож и метална палка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.