Skip to main content
Хроника

Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП – го нападнале соученици

12/02/2025  16:40

На 11.02.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(41) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 13.10 часот во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, при што едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.