
Инцидент во двор во средно училиште во Тетово, малолетник е пренесен во болница.
Како што соопштија од МВР, вчера во 13.05 часот во СВР Тетово Г.Ш. од Тетово, пријавил нарушување на јавниот ред и мир во дворот на тетовско средно училиште, каде нивен малолетен ученик, бил физички нападнат од четворица малолетници ученици од друго средно училиште и дека нивниот ученик бил префрлен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.