
На 26.10.2025 во 00:50 часот, во ОВР Струга од слобода е лишен Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа. Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус” во Струга, со нож го прободел М.П..
Повредениот, со возило на Итната медицинска помош од Струга е пренесен во Општата болница во Струга, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

