
Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар.

Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет. Според пријавеното, подоцна и пред трговски центар на подрачјето на Сарај во Скопје го удриле со патничко возило „сеат леон“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.