Skip to main content
Хроника

Малолетник од Кичево кривично ќе се гони: Избодел ученик во средно училиште

22/10/2025  14:26

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 17-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 06.10.2025 во средно училиште во Кичево, по претходна расправија, пријавениот со нож нападнал 15 – годишен ученик и му нанел убодна рана, по што е лишен од слобода.