Денеска (28.12.) во 02:30 часот во СВР Скопје, М.Ш.(36) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека на претходниот ден (27.12.) околу 22:20 часот во околината на Транспортниот центар, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 17-годишен син бил физички нападнат од неколку машки лица, од кои едниот од напаѓачите го познавал, кој и претходно му упатувал закани.
За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.