Skip to main content
Хроника

Малолетници во Куманово нападнале полицајци

13/09/2025  19:18

На 13.09.2025 во 02:30 часот на улица „Љупчо Арсовски” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од Куманово.

Постапувајќи по претходна пријава дека се обидувале да влезат во куќи на улицата, полициски службеници ги затекнале малолетниците со тврди предмети во рацете, при што еден од нив физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.

Малолетниците се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.