Skip to main content
Хроника

Малолетници со остар предмет нападнале и повредиле врсник а подоцна и неговиот татко

11/06/2025  14:38

Денеска (11.06.2025) во 01.40 часот во СВР Скопје, Б.А.(38) од Скопје пријавил дека на 10.06.2025 околу 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал, од кои едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.

Според пријавеното, подоцна малолетниците им упатувале закани на двајцата, при што истиот малолетник нанел повреда со остар предмет и на Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.