
Вчера во 10.30 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, на влез во село Гајре, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода двајца малолетници од истото село, поради сомнение дека на 26.05.2025 околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово.
Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор, известија од МВР.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.