Skip to main content
Хроника

Малолетници претепале скопјанец во Аеродром

21/08/2025  16:18

42-годишен скопјанец завршил со повреди откако бил нападнат од неколку малолетници во скопски Аеродром.

Како што информираа од полицијата вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(42) од Скопје пријавил дека ден претходно околу 17:45 часот на подрачјето на општина Аеродром бил нападнат од неколку малолетници, при што се здобил со повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.