Skip to main content
Хроника

Малолетници насилно украле чанта од стара жена во Карпош, во неа имала вредни работи

26/06/2025  14:48

Вчера (25.06.2025) во 10.00 часот во СВР Скопје, В.Т.(62) од Скопје пријавила дека околу 06.00 часот на подрачјето на Карпош две малолетни лица со употреба на физичка сила и ја одзеле чантата, во која имало пари, мобилен телефон, лични документи и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.