
Скопјанка вчера пријавила дека на подрачјето на скопски Центар, нејзиниот 15-годишен син и 14-годишна ќерка биле физички нападнати од едно машко лице.
„На 31.10.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје, И.С.(36) од Скопје пријави дека околу 18:30 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот 15-годишен син и нејзината 14-годишна ќерка биле физички нападнати од едно машко лице, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

