Skip to main content
Хроника

Малолетен пешак синоќа прегазен во Охрид

31/07/2025  16:56

На 30.07.2025 во 21.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка” во Охрид, патничко возило „даихатсу” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(69) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.