Skip to main content
Живот

Малиот јунак Матеј ја освои тешката битка и победнички заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје

25/07/2025  18:31

Уште еден мал јунак ја доби битката со болеста на Клиниката за детски болести во Скопје.

Малиот Матеј победнички заѕвони на ѕвончето кое го означи крајот на неговото лекување. Убавата вест ја објавија на профилот на Клиниката.

Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Матеј храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Матеј му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!

Видеото погледнете го со клик ТУКА.