Skip to main content
Македонија

Мал спортски авион паднал во Мавровско Езеро

12/12/2025  13:30

Мал спортски авион се урнал во Мавровско Езеро, информираше Центарот за управување со кризи.

Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено.

Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција.

Причините за уривањето засега се непознати, повеќе детали се очекуваат во текот на денот.Mal s