Skip to main content
Свет

Мал авион се урна во тераса од зграда во Германија, загина пилотот и уште едно лице

31/05/2025  16:58

Мал авион се урна денеска наутро на терасата од станбена зграда во Диселдорф, при што загинаа две лица, соопшти полицијата. Една од жртвите бил пилотот, изјави портпаролот на полицијата.

Другата жртва веројатно бил копилотот или маж кој живеел во зградата во градот Коршенбројх помеѓу Диселдорф и Менхенгладбах.

Нема непосредни информации за причината за несреќата, додаде портпаролот, додека 50 пожарникари се бореле со пожарот на местото на настанот.

Снимките од местото на настанот покажуваат како опашката на авионот штрчи во градината на зградата што гори, а пожарникарите во целосна заштитна опрема се обидуваат да го локализираат пожарот.