Skip to main content
Македонија

Мал авион падна во Мавровско Езеро, двајца Косовци спасени од водите

12/12/2025  15:18

Мал спортски авион денеска околу пладне паднал во водите на Мавровското Езеро, при што во леталото се наоѓале двајца државјани на Косово – пилотот Д.М. (64) и патникот Џ.П. (41).

И покрај опасната ситуација, и двајцата успеале да излезат од авионот непосредно по падот и самостојно да допливаат до брегот. Тие се здобиле со телесни повреди и веднаш биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар, каде им е укажана лекарска помош.

„Денеска (12.12.2025) во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро… паднал мал спортски авион. Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани“, соопшти полицијата.

Причините за падот на авионот засега не се познати, а на терен работат екипи на полицијата и надлежните служби за да се утврдат деталите од несреќата.