Skip to main content
Македонија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

14/12/2025  12:10

Во врска со веста објавена на неколку интернет портали за наводен пожар во магацин во кругот на Макстил, ја информираме јавноста дека пожарот не се случил во објектите на Макстил и дека компанијата нема никаква поврзаност со настанот.

Пожарот се случил во друга компанија која се занимава со преработка на дрво, која се наоѓа во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од Макстил ниту од неговите капацитети.

Сите производствени и магацински капацитети на Макстил функционираат редовно и безбедно, без никакви инциденти.

Апелираме до медиумите за прецизно и точно информирање на јавноста.