
Одлуката на Макрон да користи гренландски и дански јазик доаѓа како директен одговор на геополитичките тензии поврзани со статусот на овој остров. Францускиот претседател беше дециден во својот став дека судбината на територијата е во рацете на нејзиниот народ.
„Гренланд не е на продажба, ниту може да биде отуѓен. Гренланѓаните ќе одлучат за својата иднина“, изјави Макрон на гренландски јазик.
Веднаш потоа, на дански јазик, тој додаде дека „Франција ќе продолжи да стои покрај Кралството Данска“, потврдувајќи го цврстото сојузништво меѓу двете европски нации.

