
Европските шефови на држави не им веруваат на САД во мировните преговори со Русија и Украина, пишуваат светските медиуми. Белешките од конференциски повик до кои дојде „Шпигел“ покажуваат дека германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон остро предупредиле дека САД би можеле да ја предадат Украина и Европа.
Макрон истакнал дека „постои можност САД да ја предадат Украина“ и дека Зеленски е „во голема опасност“, додека Мерц му рекол на украинскиот претседател да биде „многу внимателен“ бидејќи САД „си играат со тебе и со нас“. Европските лидери изразиле длабока недоверба кон американските преговарачи, вклучувајќи ги Стив Виткоф и Џаред Кушнер, и покрај јавните позитивни оценки на мировната иницијатива на Вашингтон.
