Skip to main content
Свет

Макрон ја зајакнува нуклеарната стратегија на Европа

02/03/2026  17:50

Франција започнува нова фаза во својата одбранбена стратегија. Претседателот на Франција, Макрон го претстави концептот на „проширено одвраќање“ како одговор на современите безбедносни предизвици.

Макрон подвлече дека е неопходно прилагодување на стратегијата со оглед на зголемениот број закани во глобални рамки.

„Треба да го зајакнеме нашето нуклеарно одвраќање со оглед на комбинацијата од закани и да размислиме за нашата стратегија за одвраќање во длабочините на европскиот континент, со целосно почитување на нашиот суверенитет, со постепено воведување на она што би го нарекол продолжено одвраќање“, нагласи шефот на француската држава.

Според него, граѓаните се свесни дека живееме во период на големи геополитички промени полни со ризици, што само по себе го оправдува зајакнувањето на постоечкиот француски модел.