Skip to main content
Свет

Макрон исвиркан на Мајот: Јас не сум циклон, не сум одговорен

20/12/2024  12:08

Францускиот претседател Емануел Макрон се соочи со критики за време на посетата на Мајот, француски архипелаг во Индискиот Океан. Откако локалните жители го пречекаа со свирежи и повици за негова оставка, Макрон одговори: „Јас не сум циклон. Не сум одговорен“.

Маркон вчера пристигна во Мајот, пет дена откако циклонот Чидо предизвика огромна штета. Илјадници луѓе сè уште немаат пристап до вода, а спасувачите продолжуваат со напорите за пронаоѓање на исчезнатите лица. Макрон рече дека ја продолжил посетата во знак на почит.

Тој вети дека ќе испрати повеќе помош и додаде дека Франција го прогласи понеделникот за национален ден на жалост. Француските власти објавија дека најмалку 31 лице загинало, но се очекува бројот на жртвите да биде многу поголем, а илјадници се уште се водат како исчезнати.

Голем дел од архипелагот се уште е без електрична енергија.