Skip to main content
Македонија

Македонското лекарско друштво ќе го одбележи Светскиот ден на здравјето

07/04/2025  07:10

По повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, Македонското лекарско друштво организира свечен собир, каде најавени се обраќања на претседателот на друштвото, Горан Димитров, министерот за здравство Арбен Таравари, претставникот на Светската здравствена организација за Република Македонија, Аким Али, како и на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска Папестиев.

Од Македонското лекарско друштво информираат и дека на настанот ќе бидат врачени награди и признанија.