Skip to main content
Спорт

Македонските ракометарки во Охрид против Египет

19/09/2025  17:16

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид го игра вториот натпревар на турнирот „Трофеј Македонија“. По вчерашната сигурна победа против селекцијата на Тунис со 34:27 избраничките на селекторот Кристаијан Грчевски ќе имаат нов тест. На првиот натпревар одигран вчера Грција го совлада Египет со 25:22.

Натпреварите на турнирот се дел од подготовките за претстојните квалификациски натпревари од групата за Европското првенство 2026, каде противнички на нашите ракометарки се селекциите на Германија, Словенија и Белгија.

Според програмата на вториот дел од турнирот во првиот натпревар попладнево од 18:15 часот играат Грција – Тунис, додека утре се играат натпреварите од третото коло во кое македонските ракометарки ќе играат против Грција.