Skip to main content
Спорт

Македонските ракометарки со три контролни дуели

21/11/2025  20:03

Женската македонска ракометна репрезентација од 4-8.декември ќе одигра три пријателски натпревари. Противнички на ракометарките ќе бидат селекциите на Турција, Словенија и на Словачка. Натпреварите ќе се играат во Анкара.

Собирот на репрезентативките е на 28.ноември, а мини подготовките ќе се одржуваат во Кавадарци. 

Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки: Андреа Илиќ, Матеа Чурлиноска, Драгана Петковска, Ивана Џатевска, Ангела Јанкуловска, Ивана Арсениевска, Марија Јанкуловска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Марија Гугуљанова, Бојана Коцева, Теодора Дукоска, Катерина Дамканоска, Леона Миленкоска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Борјана Коцева, Емилијана Ризоска, Ивана Гакидова и Таида Беровиќ.