Skip to main content
Спорт

Македонските ракометарки поразени од Полска во првиот меч од баражот за пласман на СП 2025

10/04/2025  06:50

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Полска со 22-18 (14-8) во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство 2025 година.

Нашите ракометарки можат да бидат задоволни од резулатот, со оглед на тоа дека во еден момент губеа и со 10 разлика (22-12). Но со серија од 6-0 нашите ракометарки стигнаа до активен резултат и можност со помош на домашната публика да се пласираат на Мундијалот.

Со осум гола, најефикасна за македонскиот тим беше Сара Ристовска, додека за Полска, Анета Промис заврши со 6.

Реваншот ќе се игра во сабота во салата „Боро Чурлевски“ во Битола од 19,00 часот.