Skip to main content
Спорт

Македонските ракометари реваншот го играат на домашен терен

31/01/2026  18:01

Европската ракометна федерација направи пропуст при извлекувањето на двојката во баражот за Светското првенство во Германија 2027, каде што македонскиот национален тим треба да се соочи со победникот од дуелот Украина – Словачка. Според правилата, прво се влече „топче“ од „шешир носители“, а потоа од „шешир неносители“, и двете се ставаат во сад, при што првото извадено топче треба да биде домаќин на првиот натпревар.

Овој редослед не беше почитуван при првото извлекување. По повторената процедура, беше одлучено првиот натпревар да се игра на теренот на противникот на 13 или 14 мај, додека реваншот ќе се одигра на домашен терен на 16 или 17 мај, најверојатно во Скопје.