Skip to main content
Спорт

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг

11/01/2026  15:15

Македонската ракометна репрезентација, по завршувањето на настапите на „Жолтиот куп“ во Винтертур, попладнево се селат во Данска.

Според планот на патување, македонската експедиција денес преку Цирих и Франкфурт ќе отпатува за Силкеборг каде се очекува да пристигне околу 16 часот.

Во земјата кодомаќин на Европското првенство 2026 избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги доработат подготовките пред своите настапи на шампионатот.

Во Силкеборг македонските ракометари ќе се подготвуваат до 13 јануари. За вечер од 19 часот предвиден е и тренинг.

На ЕП „црвено-жолтите“ ќе играат во Хернинг во група со кодомаќинот Данска, Португалија и Романија.