
Трите македонски екипи кои настапуваат во квалификациите во фудбалската Конференциска лига вечер ги играат реваншите од првото коло.
Најлесна задача би требало да има Вардар кој во Сан Марино отпатува со предност од 3:0 на реваншот кај Ла Фиорита. Натпреварот е закажан за 21 часот.
Два часа претходно (19 часот) Силекс на теренот на „Петар Милошевски“ ќе го пречека црногорски Дечиќ во обид да ја надополни негативата од три гола (0:3) по првиот натпревар.
Најрано (18 часот) ќе стартува Работнички кој се среќава со Торпедо-Белаз Жодино на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гостите од Белорусија во Скопје допатуваа со предност од 3:0.