Skip to main content
Спорт

Македонските каратисти со три медали се вратија од Универзијадата во Полска

26/08/2025  19:00

Македонската универзитетска карате репрезентација освои три медали на Европската универзијада која се одржа во Варшава, Полска.

Во финалните борби изминатиот викенд Ангела Мојсовска освои златен медал. Таа беше најдобра во категоријата -68 кг. 

Сребрен медал освои Љупче Михаилов, додека за бронзен медал се избори Викторија Јовановска. 

Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг), завршија на петтата позиција.