
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е кандидат за најдобар фудбалер во хрватското првенство.
Во пресрет на завршницата на првенството беа објавени номинациите, а конкуренција на Митровски, кој настапува за Вараждин, му прават Марко Ливаја (Хајдук), Тони Фрук, Ален Гргиќ (Славен Белупо) и Роберт Мудражија (Локомотива).
Главен фаворит за наградата, сепак, е напаѓачот на Хајдук, Ливаја, кој оваа сезона има 18 погодоци и 9 асистенции, а сметката може да ја зголеми во последните две кола од првенството.
Димитар Митровски годинава е најдобар стрелец на својот тим со 7 постигнати гола.
(МИА)