Skip to main content
Балкан, Македонија

Македонскиот Конзулат во Солун работи на транспорт на телото на македонскиот тинејџер кој се удави во Ханиоти

26/06/2025  11:41

Надлежните информираат дека се прават напори за завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото на момчето кое се удави на плажа во Ханиоти.

– До македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен државјанин на Република Северна Македонија. Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, инфомрираат оттаму.