Skip to main content
Спорт

Македонскиот фудбал остана без една од своите легенди

15/06/2025  12:31

Со тага ја информираме јавноста дека утрово, на 61-годишна возраст, ненадејно почина Јованчо Пилешков – истакнат спортски работник и долгогодишен дел од македонскиот фудбал.

Пилешков беше фудбалски судија, делегат, секретар на ФК Кожуф од Гевгелија и активен учесник во бројни фудбалски структури низ годините. Неговиот професионален ангажман го одбележа со посветеност, искуство и интегритет.

Како одличен познавач на домашниот фудбал, Пилешков остави длабока и трајна трага, препознатлив по неговата љубов кон спортот и искрена посветеност кон развојот на фудбалот во Македонија.

Македонскиот фудбал загуби човек со големо срце и душа, а спортската заедница – пријател и професионалец кој остави силен белег.

Јованчо Пилешков беше татко на актуелниот фудбалски судија Димитар Пилешков.

Искрените сочувства до семејството, пријателите и сите што го познаваа.