Skip to main content
Македонија

Македонски Телеком со нови членови во Одборот на директори

23/05/2025  23:31

Македонски Телеком АД – Скопје ја извести јавноста преку Македонската берза за значајни промени во управувачката структура на компанијата, откако на Годишното собрание на акционери, одржано на 20 мај 2025 година, беше донесена одлука за отповикување и именување на нови неизвршни и независни неизвршни членови на Одборот на директори.

Одлуката, како што се наведува во официјалното соопштение, е донесена врз основа на Законот за трговски друштва, Статутот на компанијата и доставените предлози од Владата на Република Северна Македонија.

Кои членови се отповикани?

Собранието на акционери ги отповика следните лица од позициите неизвршни или независни неизвршни членови на Одборот на директори:
• Игор Милев
• Нина Ангеловска
• Бардул Насуфи
• Шкодране Дарлишта
• Аќиф Медиу

Кои се новите членови на Одборот на директори?

На нивно место, со мандат кој започнува од 30 мај 2025 година, се именувани следниве лица:
• Сашо Димитријоски – неизвршен член
• Иван Митровски – неизвршен член
• Марин Алексов – неизвршен член
• Даниела Кржовска – неизвршен член
• Нусрет Зиба – неизвршен член
• Сеад Арслани – неизвршен член

Со оваа реконструкција, Телеком добива нов управувачки состав кој ќе има задача да ја води компанијата низ следниот период на трансформации и предизвици во телекомуникациската индустрија.