Skip to main content
Хроника

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари

06/04/2026  12:30

Полицијата во Прешево заплени околу 1.300 електронски цигари и уапси македонски државјанин, Х.К. (31), за нелегална трговија со акцизни производи, беше објавено денес.

При преглед на патничкото возило управувано од осомничениот, полициските службеници во багажниот простор пронајдоа 1.303 парчиња електронски цигари „ вејп “ од различни марки, кои тој ги превезувал без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија.

„ Постоеше сомневање дека спорните цигари биле наменети за понатамошна продажба, а на овој начин буџетот на Србија бил оштетен за околу 1,3 милиони динари“, соопшти Министерството за внатрешни работи