Skip to main content
Свет

Македонски државјанин загина во Швајцарија

01/12/2025  19:17

Македонски државјанин трагично го загуби својот живот во сообраќајна несреќа викендов. Инцидентот се случил во Шлиере , кантон Цирих, случка која ја потресе швајцарската јавност.

Возачот, исто така 39-годишен Македонец, по сударот избегал од местото на настанот без да му пружи помош на својот тешко повреден сопатник.

Настанот се случил доцна во саботата вечерта, а епилогот е едно загинато лице, еден уапсен и истрага која сè уште трага по мистериозна сопатничка.

Според официјалниот извештај на Кантоналната полиција во Цирих, несреќата се случила во саботата околу 23:30 часот.