Skip to main content
Хроника

Македонски државјанин уапсен на албанско-црногорска граница – Се работи на негова екстрадиција во Македонија

19/03/2025  19:13

Албанската гранична полиција во соработка со Интерпол Тирана, на преминот на албанско-црногорската граница Муриќан, на излез од Албанија привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

„За Н.А.(51), жител на Северна Македонија, Интерпол Скопје имаше распишано меѓународна потерница по барање на судот во Скопје, издадена на 1 јуни 2023 година, откако му одредил мерка „затворски притвор“ за кривично дело „разбојништво“. Интерпол Тирана соработува со Интерпол Скопје и другите надлежни органи на двете земји со цел екстрадиција на приведениот во Северна Македонија“, стои во полициското соопштение.

Полицијата додава дека приведувањето е резултат на интензивните проверки на Граничната полиција, со цел спречување и сузбивање на прекуграничен криминал и проверки за приведување граѓани барани со меѓународна потерница.