
Единицата за интервента полиција доби донација од спортската обложувалница Моцарт бет.
Станува збор за 50 тактички елеци, донација што компанијата му ја предала на командатот на единицата, објави Македонскиот полициски синдикат.
„Оваа донација претставува значајна поддршка за припадниците на единицата, кои секојдневно стојат во служба на граѓаните, грижејќи се за јавниот ред, мир и безбедност. Ваквите активности се доказ дека преку заемна доверба, солидарност и општествена одговорност може да се изградат силни партнерства помеѓу синдикатот, приватниот сектор и безбедносните институции.
Со оваа донација испраќаме јасна порака дека грижата за оние кои се грижат за сите нас е врвен приоритет. Заеднички придонесуваме кон создавање на посигурна и побезбедна заедница, во која професионалноста, храброста и посветеноста се препознаваат и поддржуваат“ стои во објавата на Македонскиот полициски синдикат


