Skip to main content
Балкан, Македонија

Македонка се пофали дека дошле од Скопје да го поддржат, па избега од новинарот кога ја праша „што да поддржите?“

12/04/2025  19:57

На тридневниот национален митинг „Не се откажуваме од Србија“, кој се одржува во Србија, отидоа и Македонци дел од здружението „Мир, слога, стабилност“.

Тие имаа организиран превоз, а се претпознатливи по капите и маиците кои ги носат. Македонка, застана и пред камерите во Србија, сама се понуди да даде изјава.

Ние сме од Скопје, Македонија. Дојдовме да го поддржиме“, рече таа па кога ја прашаа „А што поддржувате?“, избега со трчање и рече „Ајде бегајте.. (н.з.)