Skip to main content
Балкан

Македонка почина на плажа во Грција

21/06/2025  11:47

Жена од Македонија починала на плажа во местото Метармофози во општина Ситонија на Халкидики, објавува „Халикидики њуз“.

Жената била на возраст од 77 години, а засега не е објавена причината за смртта

И покрај напорите на службите за итни случаи, жената починала откако била пренесена во здравствениот центар во Агиос Николаос, објавува порталот.

Телото ќе биде испратено на обдукција, за да се утврдат причините за смртта