
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија попладнево во Братислава загуби од Финска со 0:3 (20:25, 15:25 и 19:25)5:19) во првиот натпревар од годинешното издание на ЦЕВ Европската Златна лига.
Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 12 поени, еден помалку освои Александар Љафтов, додека Филип Савовски имаше седум, а Илиев постигна пет поени.
Македонија првата победа во ЦЕВ Европската Златна лига ќе ја бара утре, кога во 15 часот, во „Гопас“ арената во Братислава ќе се соочи со домаќинот на првиот турнир Словачка, која исто така со 3:0 загуби од Финска во петокот.