Skip to main content
Македонија

Македонија во портокалова предупредувачка фаза поради обилните дождови

09/11/2025  14:57

Територијата на нашата Република Македонија денес (Недела 9 ноември) се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд.

Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер од јужен и од југоисточен правец и со појава на грмежи.