Skip to main content
Македонија

Македонија во очекување на нови поројни дождови, грмежи и невреме

30/03/2025  10:36

Најмалку до четврток (3 април 2025) во Македонија ќе продолжи периодот на многу променливо и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено и пообилни). Локално пак ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Ќе има услови и за појава на поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме) проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. На планините пак над 1600/1700 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

И во Скопскиот регион продолжува променливото и нестабилно време со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие речиси насекаде кај нас ќе надминуваат 10 степени, на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу 15 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или близу 20 степени.

Да напоменам дека за време на овој период локално повторно во нашата Македонија ќе наврнат нови над 25/30 литри дожд на метар квадратен, што значи очекуваме уште повеќе врнежи во следниот период. Во зоната на нестабилност можно е да наврне и поголемо количество на воден талог за кратко време, со што се можни локални поплавувања, поради очекуваното невреме, но и можните локални поплавувања, апелирам на поголема внимателност кај граѓаните.