Skip to main content
Хроника

Македонија тагува: Ова се девојчињата кои загинаа вчера кај Кичево, познати се нивните имиња

23/08/2025  09:44

Македонија тагува, Кичево е завиено во црно. Згаснаа животите на две ученички од Школата за музичка и културна дејност „Дрита“.

Загинаа младите Ериона Рамадани и Албина Абази.

„Со длабока тага и потресени срца ја примивме веста за загубата на нашите сакани ученички. Нивното заминување остави незаменлива празнина во нашите срца и во секој агол на училиштето“, наведуваат од ШМК „Дрита“.

Од МВР информираат дека вчера попладне било пријавено дека на локален пат во село Колибари, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.